За Божиќ – одлична вест за сите имигранти во Германија!

Германија / МИА

Германското МВР потврди за порталот „Локал Германија“ дека парламентарците наскоро ќе расправаат за предлог-законот за дозволување на двојно државјанство. Луѓето во Германија кои сакаат да се натурализираат како Германци и да го задржат своето прво државјанство, сега имаат датум пред Божиќ кога Бундестагот ќе ја разгледа нивната ситуација.

Според Министерството, новиот закон ќе го скрати и времето во кое некој треба да живее во Германија пред да стекне право на државјанство преку натурализација. Оваа вест го означува почетокот на крајот на долгото чекање за многу германски жители – кои го одложуваат добивањето германско државјанство поради општото барање да се откажат од претходното државјанство.

Данска во 2015 година, веќе ги либерализираше законите за двојно државјанство, но демохристијаните (ЦДУ) на Ангела Меркел останаа цврсто против тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот