Вучиќ беше на гости кај американскиот амбасадор: Посветени сме на мирот и на партнерството со САД

Фото: Инстаграм

Претседателот Александар Вучиќ вечерва присуствуваше на прием во резиденцијата на американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, по повод американскиот национален празник Денот на независноста, 4 јули.

„Ѝ го честитав на Амбасадата на САД Денот на независноста и укажав на тоа дека ова е вистинскиот повод сите да се потсетиме на универзалните вредности вткаени во Декларацијата за независност, кои се однесуваат на еднаквоста на сите луѓе и нивните неотуѓиви права на живот и слобода“, напиша Вучиќ на „Инстаграм“.

„Србија останува посветена на мирот, како и на зајакнувањето на партнерството со САД, убедена дека нашиот стар, историски сојуз ќе добие нов замав во годините што доаѓаат“, вели Вучиќ во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот