Вучиќ за авиолинијата Приштина-Белград: Постигнавме договор без да го признаеме Косово

За критиките на политичките противници, српскиот претседател изјави деке нивните критики покажуваат колку се несериозни и дека не разбираат ништо.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го оцени како многу важно потпишувањето на писмото за воспоставување на авиолинијата Приштина–Белград, за кое, вели Вучиќ, дека е воден долг дијалог и е постигнат компромис за кој никој не може да рече дека тие го признале Косово.

Српскиот претседател, кој е во Давос, за договорот се заблагодари на специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за дијалогот Србија-Косово, Ричард Гренел, амбасадорот на САД во Германија и Советникот за национална безбедност на САД, Рајан О Брајан.

– Благодарен сум за енергијата и напорот што ги даваат Гренел и О Брајан. Нема да биде лесно за нас и за американците да ги направиме сите овие работи. Јас сум благодарен за интересот покажан од страна на (Доналд) Трамп, изјави Вучиќ, кој додаде дека во Давос, ќе има средба со О Брајан.

Во врска со критиките зошто операторот на директната линија нема да биде „Air Serbia“, Вучиќ рече дека ова Албанците би го посакале најмногу, но дека за нив тоа било невозможно.

– „Air Serbia“ ќе требаше да ги потпише сите документи со Косово. Требаше да потпише договор со аеродромот „Адем Јашари“, дури и Косово, како држава да ја признаеме за делот од воздушната територија која не е под наша контрола. Затоа, ние баравме и се боревме да се вклучи и КФОР, да имаме еден посредник, некој кој што е решен за тој дел со Резолуција на ООН, додаде Вучиќ.

За критиките на политичките противници, Вучиќ изјави деке нивните критики покажуваат колку се несериозни и дека не разбираат ништо.

– Успеавме да најдеме компромисно решение каде што никој не може да ни рече дека сме го признале Косово. Тие што напаѓаат знаат многу малку, затоа прашајте како е можно овие луѓе некогаш да ја воделе земјата, изјави Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот