Вучиќ: Србија направи сè што се бараше, но зелено светло за ЕУ нема и ќе нема

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска рече дека Србија направила сè што од неа побарала Европската Унија, но зелено светло за Западниот Балкан нема и ќе нема.

Прашан за коментар за тоа што за Србија нема отварања на нови поглавја во преговорите за членство со ЕУ, како ниту почеток на преговорите со останатите земји од регионот на Западен Балкан, тој одговори дека премиерката Ана Брнабиќ е многу загрижена затоа што во последните месеци во министерствата се работело деноноќно за да бидат подготвени за преговарачките кластери.

Вучиќ истакна дека направиле сè и го наведе раздвојувањето на „Србијагас“, акцизите…, ни и покрај тоа од ЕУ нема ништо.

Мојата порака е да продолжите да работите, тоа го работиме за себе. Ние сме на европскиот пат. Ако сакаат, сакаат, ако не скааат – не сакаат, им благодарам. Ќе се видиме на крајот од годината кога ќе ги видиме нашите стапки на раст и стапките на раст на останатите – рече Вучиќ за ТВ Пинк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот