Второто полугодие започна во сите училишта, Шаќири вети испорака на нови учебници

Второто полугодие од учебната 2022-2023 година вчера почна со физичко присуство во училиштата во сите општини, одложено за неколку дена согласно проценката на МОН и на Владата дека така училиштата подобро ќе се подготват за преостанатиот дел од годината, објави на Фејсбук министерот за образование и наука Јетон Шаќири

– Успешен старт на второто полугодие од учебната 2022-2023 во сите општини и училишни објекти. Продолжува наставата со физичко присуство, испораката на нови учебници и реализацијата на низа капитални инвестиции. На сите ученици им посакувам успешно продолжение на образовниот процес. Многу нови знаења, вештини и лесно надминување на предизвиците на патот кон надградувањето и остварувањето на личниот потенцијал. На наставниците им посакувам успешна и креативна настава и максимална заложба и посветеност кои оние кои треба да го предводат општеството во иднина, се вели во објавата на министерот.

Шаќири ветува целосна заложба на МОН за подобрување на сите аспекти на воспитно-образовниот систем и дека главна цел останува подобрување на условите за едукација.

– Како клучни приоритети ќе ги наведам процесите за продолжување на тековните и отпочнување на низа нови инфраструктурни инвестиции во општините каде се нотирани најголеми потреби од вложувања, а во над 100 училишта во сите општини ќе се подобри ИТ-инфраструктурата и ќе се изградат пристапни рампи. Ќе продолжи испораката на веќе одобрените и набавката на нови учебници за основното и средното образование. За наставниот кадар ќе продолжи процесот на професионален развој, преку тековно спроведување на обуките предвидени во планот за 2023 година, за надградба на нивните знаења и вештини во различните подрачја, наведува тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот