„Втора шанса“ за Игуаин да се докаже во Англија!?

Kако што информира „Тутоспорт“, Волверхемптон и Њукасл се заинтересирани за 32-годишниот аргентински играч.

Напаѓачот на Јувентус е на „мета“ на два англиски клуба, моментно има договор со италијанскиот шампион до 30 јуни 2021 година.

Kако што информира „Тутоспорт“, Вулверхемптон и Њукасл се заинтересирани за 32-годишниот играч Гонзало Игуаин.

Веќе има искуство од Премиер лигата настапувајќи во дресот на Челси, но не успеа во целост да го покаже неговиот квалитет на терените, но сега доаѓа „втора шанса“.

Моментно е многу поголема варијантата дека Аргентинецот ќе го напушти Торино каде што бараат помлад и поперспективен играч да го води нивниот напад во иднина.

Освен Англичаните, и во САД ја следат неговата ситуација, но и неговиот прв клуб во професионалната кариера, Ривер Плeјт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот