ВРХОВНИОТ СУД ЌЕ РАСПРАВА ЗА ФИНАНСИИТЕ НА ТРАМП: До јуни ќе мора да се донесе одлука

Фото: ЕПА

Врховниот суд на САД соопшти дека ќе ја разгледа молбата на американскиот претседател Доналд Трамп да не се објавуваат податоците за неговите даноци, банкарски и финански сметки.

Расправата ќе започне во март, а судиите одлуката ќе мора да ја донесат и објават до јуни.

Доколку пресудат против Трамп, претседателот ќе мора да ги објави податоците за личните финансии, што веќе подолго време се обидува да го избегне и спречи, наведува Гласот на Америка.

Трамп тужбата ја поднесе за да ги спречи банките да им ги предадат неговите финансиски документи на конгресните одбори во Претставничкиот дом и на обвинителот на Менхетн.

Врховниот суд, исто така, ќе одлучува дали на обвинителот од Менхетен ќе треба да му се дадат сите даночни пријави на Трамп од последните осум години, што е дел од актуелната истрага.

Трамп досега ги загуби споровите со пониските судови, но одлуката не е конечна, ниту извршна, се додека за тоа не се изјасни Врховниот суд. Во ова деветчлено судско тело мнозинството го имаат конзеравтивците, а двајца од судиите се токму на предлог на Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот