ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Наутро магла, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност

скопје магла
Магла во Скопје / Фото: МИА

Наутро по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот во поголем дел од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието и во претпладневните часови.

Минималните температури во интервал од -2 до 4 степени, максималните од 8 до 15 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла или ниска облачност, која преку денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура 1 степен, максималната 8 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот