Возачот кој нападна патник во автобус е суспендиран од работа

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Возачот, кој физички нападнал патник во автобус на линијата 24 ќе биде суспендиран, информираат од ЈСП „Скопје“.

 Ве информираме дека ЈСП „Скопје“ веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот. Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место – стои во соопштението на јавното претпријатие.

Како што пренесуваат дел од медиумите, во автобусот со број 24 синоќа дошло до физичка пресметка помеѓу еден од патниците и возачот на автобусот. Како причина за нападот, како што пишуваат медиумите е тоа што, патникот го замолил возачот на автобусот да пушти клима во возилото бидејќи на неговата бремена сопруга и било многу жешко. Според написите, на ваквото барање, возачот на автобусот бурно реагирал по што физички го нападнал патникот и му ја удирал главата од прозорецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот