Возач загина во сообраќајка кај Куманово

сообраќајка
Илустрација

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 15 часот на местото викано Бавчи во село Проевце, кумановско.

Како што соопшти МВР, на мост на реката Кумановка, патничко возило „југо темпо“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(69) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот