Вонредна седница во бугарското собрание поради полициското насилство на протестите против Борисов

Бугарија протести / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Претседателката на бугарскиот парламент, Ива Митева, свика вонредна седница во вторник на Националното собрание на која ќе се расправа за полицискиот скандал со насилство врз демонстрантите и за да објасни преземени чекоти за тоа бугарскиот министер за внатрешни работи, Бојко Рашков.

Во изјавата објавена на веб -страницата на бугарскиот парламент, како што јави дописникот на МИА од Софија, Ива Митева наведува дека со огорченост, болка и вознемиреност ги гледала видео снимките од насилството врз младите демонстранти летото 2020 година.

Според Митева, бугарскиот Парламент не може да се држи настрана од она што е прикажано на видеата.

На седницата пратениците ќе го слушнат министерот за внатрешни работи на Бугарија Бојко Рашков за тоа што е направено за да се идентификуваат сторителите полицаец и какви се казните. Темата, како што забележува дописникот на МИА од Софија, стана централна не само за медиумите, туку и за парламентарните партии во Народното собрание на Бугарија. Сите освен ГЕРБ и ДПС побараа објективна истрага и казна за полицајците кои претепаа мирни демонстранти за време на минатогодишните протести против владеењето на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот