„Волстрит“ со раст по несигурното тргување

Архива на СП

„Dow Jones“ индексот зајакна за 165 бодови или за 0,52 отсто на 27.005 бодови, додека „S&P 500“ порасна за 0,57 отсто на 3.276 бодови. „Nasdaq“ индексот забележа нагорно придвижување од 0,24 проценти на 10.706 бодови.

При тргувањето на „Волстрит“ во текот на вчерашниот ден цените на акциите забележаа пораст по несигурното тргување а во фокусот на инвеститорите беа извештаите за кварталните економски активности на компаниите и преговорите за новите поттикнувачки мерки во Вашингтон.

„Dow Jones“ индексот зајакна за 165 бодови или за 0,52 отсто на 27.005 бодови, додека „S&P 500“ порасна за 0,57 отсто на 3.276 бодови. „Nasdaq“ индексот забележа нагорно придвижување од 0,24 проценти на 10.706 бодови.

Во текот на целиот вчерашен ден овие индекси постојано варираа од негативно во позитивно ниво, но денот сепак го завршија во плус.

– Инвеститорите сакаа приход, но не можат да добијат на пазарот со обврзници, па купуваа акции. Но бидејќи индексите повторно пораснаа, се чини дека инвеститорите се се попретпазливи, вели Петер Кардиљо, економист во компанијата „Спартан Капитал Секјуритис“.

Инвеститорите се претпазливи и поради натамошното ширење на корона вирусот од кој во светот до сега се заразени над 15 милиони луѓе, а починаа над 600 илјади.

Загрижувачко зголемување на бројот на заразени покрај во САД се бележи и во Индија и Латинска Америка.

Инвеститорите сепак се надеваат на новите мерки за поттикнување на економијата во САД со оглед дека некои од сегашните мерки истекуваат кон крајот на овој месец, па милиони невработени Американци наскоро би можело да останат без помош.

На европските берзи цените на акциите забележаа пад при вчерашното тргување. Лондонскиот индекс „FTSE“ ослабна за 1 отсто, на 6.207 бодови, додека франкфуртскиот „DAX“ се лизна за 0,51 отсто на 13.104 бодови, а парискиот „САС“ опадна за 1,32 отсто на 5.037 бода.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот