ВО ЖИВО: Француската полиција се судри со пожарникарите при демонстрации во Париз

Фото: EPA-EFE/Frederic Scheiber

Француската полиција се судри со пожарникарите кои протестираат во Париз за нивните работни услови и барањето за повисоки плати.

Илјадници пожарникари учествуваа во протестот во францускиот главен град, барајќи зголемување на нивниот бонус за опасна работа, кој не е променет од 1990 година.

Полицијата фрлаше солзавци и ги удираше демонстрантите со пендраци.

Во октомври, пожарникарите исто така протестираа во Париз, барајќи подобри плати, гаранции за нивните пензиски бенефиции и поголема почит кон нивната професија.

Кликнете на твитот за да го проследите протестот во живо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот