Во Загреб се пријавени 5.500 оштетени објекти по земјотресот

По серијата земјотреси што го погодија Загреб, досега се пријавени 5.500 оштетени објекти.

– Тоа е многу работа што можеме да ја направиме само со несебична поддршка од волонтери од сите инженерски професии, соопштија од Службата за управување со итни ситуации на Хрватска.

Службата изработила апликација за пријава на преглед на градбите по земјотресот и ги повикува сите жители на Загреб да ги пријават градбите за да може побрзо да се процени штетата.

Од вчера се поставени шатори на плоштадот Фрањо Туѓман, во Цветната населба преноќиле 60 лица, поделени се оброци, градежните фирми ги расчистуваат коридорите, а комуналното претпријатије означи згради во соработка со загрепската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот