Во време кога тензијата расте, Русија и Украина одржуваат воени вежби

Украинските војски започнаа воени вежби/ Фото EPA-EFE/MYKOLA TYS

Руските борбени авиони и бродови денеска на воени вежби во Црно Море тренираа одвраќање од воздушни напади врз своите поморски бази, јавија руските медиуми, додека соседна Украина, истовремно, одржува воени вежби на своја територија.

Вежбите се одржуваат во време на големи тензии околу источниот дел на Украина, пренесува Ројтерс.

Украинските и американските власти предупредуваат дека Русија кон крајот на јануари би можела да го нападне јужниот сосед, но Кремљ вчера ги отфрли овие наводи.

Во оваа борбена обука учествуваа околу 10 екипажи на авиони и бродови на Црноморската флота од поморската база Новоросијск, јавија руските медиуми, повикувајќи се на наводите на Црноморската флота.

Борбените авиони „Сухој” и други авиони со тренажните летови во Црно море вежбале одговор на непријателски воздушни напади, во соработка со Црноморската флота.

Руската Црноморска флота се наоѓа на Крим, полуострово што Москва го анектираше од Украина во 2014 година.

Официјален Киев бара Русија да и го врати Крим.

Украина, која ја обвинува Русија за концентирање војници во близина на нејзината граница и наведува дека Белорусија би можела да испрати мигранти до нејзините граници, денеска почна операција за зајакнување на границата, вклучувајќи воени вежби на противтенковските и воздушните единици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот