ФОТО+ВИДЕО | Во Виетнам отворен стаклен мост долг 632 метра

стаклен мост виетнам
Стаклениот мост во Виетнам / Фото: Profimedia

 Специфичноста на градбата е што должината меѓу двата врва од двете страни на клисурата изнесува 290 метри, а на околните карпи има дополнителни 342 метра патека.

Во Виетнам e отворен пешачки мост со стаклено дно, висок 150 метри и долг 632 метри што го прави еден од најдолгите во светот.

Долгиот висечки мост „Бах Лонг“, што во превод значи „Бел змеј“, се наоѓа во провинцијата Сон Ла, северозападно од главниот град Ханој и се граничи со Лаос. Според Гинисовата книга на рекорди, најдолгиот стаклен мост во светот е зграда во провинцијата Гуангдонг во Кина, долг 526 метри.

виетнам
Стаклениот мост во Виетнам / Фото: Profimedia

Но, Здружението на светски рекорди кое исто така е одговорно за сертификација на рекорди, го нарекува дводелниот мост во Виетнам најдолгиот во светот со 632 метри, пишува „Ал Џезира Балканс“.Неговата специфичност е што должината меѓу двата врва од двете страни на клисурата е 290 метри, а на карпите има дополнителни 342 метри патеки.

„Инженерскиот проект бараше дел од мостот да биде поставен на карпи за да се заштити природата и дрвјата… Тоа беше неверојатен проект“, истакна Глен Полард, претставник од Гинисовата книга на рекорди кој присуствуваше на церемонијата на отворањето.

 

„Не се осмелив да погледнам надолу бидејќи се плашам од височини“, изјави посетителот Ви Ти Ту, кој исто така присуствуваше на церемонијата на отворање на мостот.

Цврстото стакло што се користело за изработка на мостот е составено од три слоја, секој слој е дебел по 40 милиметри, а мостот може да собере до 450 луѓе истовремено, изјави сопственикот на објектот. Ова е трет стаклен мост изграден во југоисточен Виетнам во последниве години.

Округот Мок Чау, кој се наоѓа на околу 200 километри западно од Ханој, има огромни планински висорамнини и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам позната по боровите шуми, пештерите, водопадите, езерата и брдата со плантажи чај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот