Во Виена продолжуваат разговорите за нуклеарниот договор

Фото: EPA/STRINGER

 Во Виена денеска продолжуваат разговорите за заживување на нуклеарниот договор што Иран го потпиша со светските сили во 2015 година, соопшти Европската унија.

Тоа ќе биде последната од трите рунди разговори насочени кон враќање на САД во договорот и убедување на Техеран да ги почитува ограничувањата што произлегуваат од него.

Претставниците на Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и Иран треба да се договорат за натамошните чекори за можно заживување на договорот од кој поранешниот американски претседател еднострано се повлече во 2018 година.

– Учесниците ќе продолжат да разговараат за можното враќање на САД во договорот и како да се обезбеди негово целосно и ефикасно спроведување, се вели во соопштението на ЕУ.

Американската делегација исто така е во Виена, на одвоена локација, така што претставниците на другите пет светски сили можат да преговараат со нив, имајќи предвид дека Иран одбива директни преговори со Вашингтон.

По првите две рунди преговори, европските земји оценија дека е постигнат напредок, но останува уште многу работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот