Во Велс пронајдени тела на две бебиња, уапсени тројца осомничени

Велс полиција / Фото Tom Guy / Alamy / Alamy / Profimedia

Три лица се уапсени откако во куќа во јужен Велс беа пронајдени телата на две бебиња, пишува Гардијан.

Полицајците биле повикани во една куќа во Бриџенд непосредно пред 20 часот во саботата. Двајца мажи на возраст од 37 и 47 години и една 29-годишна жена се уапсени под сомнение дека прикриле раѓање на дете. Тие сѐ уште се во полициски притвор. Истрагата е во тек.

Марк Атвел, од полицијата во Јужен Велс, рече: „Ова е многу вознемирувачко и апелираме до секој што има информации да контактира со нас. Продолжува опсежна истрага и ги охрабруваме сите што имаат информации или загриженост да разговараат со полицијата“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот