Во угостителски објект приведени две лица- поседувале хероин и кокаин

Илустративна фотографија/Архива на Слободен печат

Во угостителски објект синоќа на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово привеле две лица кои поседувале дрога, информира МВР.

-На 09.06.2020 во 22.40, во угостителски објект на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Т.(46) од Тетово и И.М.(38) од Куманово, кај која бил пронајден хероин, додека во објектот биле пронајдени остатоци од кокаин- наведува МВР во дневниот билтен.

Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот