Во Тетово и Гостивар казнети 16 пијани возачи, глоба од 225 до 375 евра

Изречени се мерки за користење мобилен телефон, санкции за нерегистрирани возила, за управување под дејство на алкохол...

Од 23.00 до 04.00 часот ноќеска на подрачјето на СВР Тетово била спроведена акциска контрола во која вкупно биле откриени и санкционирани 16 возачи, од кои 10 во Тетово и шест во Гостивар, кои ги управувале возилата под дејство на алкохол.

– Кај најголемиот број од нив, пет во Тетово и двајца во Гостивар, биле констатирани, односно измерени од еден до еден и пол промили алкохол во организмот. Сите возачи прекршители кои управувале под дејство на алкохол веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби, кои за овој вид прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај тоа, времено им се одземени и возачките дозволи, соопштија од МВР.

При контролата биле откриени и со соодветни поднесоци заокружени и 13 други видови сообраќајни прекршоци – осум во Тетово и пет во Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот