Во сообраќајка во Прилеп тешко повреден пешак

Вчера во 13.30 часот било пријавено дека во Прилеп, на улицата „Орде Чопела”, патничко возило „опел вектра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од Прилеп удрило во О.Џ.(35) од крушевското село Белушина.

Крушевчанецот О.Џ. од ударот се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Општата болница во Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот