Во Скопје утре состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба

МНР

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе претседава со завршниот состанок на Партнерската комисија на САД-Јадранската повелба (А5) со кој се заокружува претседавањето на Македонија со А5 за 2023 година.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат достигнувањата и иднината на Повелбата како и актуелните состојби во Западен Балкан.

Во иницијативата, покрај Македонија, земји – членки се и Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора, додека Косово, Словенија и Србија имаат статус на земји-набљудувачи.

Согласно воспоставениот принцип на ротација, во 2024 година претседавањето со САД-Јадранската Повелба ќе го преземе Република Албанија.

Пред состанок на Партнерската комисија заедничка прес – конференција ќе одржат шефот на дипломатијата Бујар Османи и неговиот албански колега Игли Хасани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот