Во Сараќино растурена журка, приведени 10 лица

Фото: МВР

Во угостителски објект во с.Сараќино синоќа во 22,40 часот од полициски службеници од СВР Тетово била извршена контрола и при тоа во објектот сопственост на М.З.(43) од Тетово биле затекнати 10 лица.

Тие се приведени во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.206 од КЗ на РСМ.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот