Во САД регистрирана рекордна продажба на оружје по масовните престрелки

Продажбата на оружје во САД достигна рекордна бројка втора година по ред, по периодот во кој имаше масовни престрелки секоја недела, пишува „Њујорк пост”.

Федералното биро за истраги (ФБИ) примило огромен број барања за проверка на купувачите од лиценцирани продавници за продажба на оружје во текот на 2021 година, покажуваат федералните податоци.

Според њујоршкиот весник, ФБИ во јануари проверило четири милиони купувачи, 3,4 милиони во февруари и 4,7 милиони во март.

Тоа е зголемување во однос на минатата година, кога биле направени 2,7 милиони проверки во јануари, 2,8 во февруари и 3,7 милиони во март

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот