Во САД од ковид-19 починале еден милион луѓе

САД вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата на ковид-19 во САД денеска се искачи на еден милион, помалку од две и пол години од почетокот на пандемијата.

Бројот на починати е утврден врз основа на посмртници од Центарот за здравствена статистика на Американскиот центар за контрола и превенција на болести. Се проценува дека вистинскиот број на директни или индиректни смртни случаи од ковид-19 е многу поголем, поради нарушувања во здравствениот систем. Пред три месеци, вкупно во САД имаше вкупно 900 000 починати од ковид-19.

Во моментов, просечната дневна смртност од коронавирус во САД е околу 300, додека за време на врвот во јануари 2021 година, таа изнесуваше околу 3400 смртни случаи дневно.

Три четвртини од починатите имале 65 или повеќе години, и повеќе се мажи отколку жени. Најмногу луѓе починале во урбаните средини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот