Во пожарот на островот Закинтос изгореле 747 хектари земјиште

Во минатонеделниот пожар на грчкиот остров Закинтос изгореле 747 хектари земјиште, соопшти Центарот за сателитско следење на природни катастрофи „BEYOND” на грчката национална опсерваторија, jави дописничката на МИА од Атина.

Според објавениот извештај, во пожарот изгореле 580 хектари (78 отсто од уништеното земјиште) грмушки и трева, 89 хектари (12 проценти) маслинови дрвја и 61 хектар (осум отсто) зимзелена шума.

Дел од островот Закинтос беше зафатен од пожар и во 2012 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот