Во океаните „пливаат“ од 8 до 10 милиони тони пластика

Секоја година во светот се произведуваат околу 400 милиони тони пластични производи. Околу половина се користи за производство на предмети за еднократна употреба како што се торби за пазарење, чаши и материјали за пакување.
Се проценува дека осум до десет милиони тони од оваа пластика завршуваат во океанот секоја година. Ако ова количество се израмни до дебелина на пластична кеса, доволно е да се покрие површина од 11.000 квадратни километри.
Тоа е отприлика колку мали земји како Катар, Јамајка или Бахамите. Со ова темпо, во текот на 50 години, пластичниот отпад би можел да порасне на површина од повеќе од 550.000 квадратни километри, приближно колку Франција, Тајланд или Украина, преенесува Ал Џезира Балканс.
Со цел да се подигне свеста за важноста на океанот и да се промовира неговата одржлива употреба и заштита, Обединетите нации го прогласија 8 јуни за Светски ден на океаните. Пластиката е најчестиот облик на отпад од океаните, со 80 проценти од вкупното загадување на морето.
Поголемиот дел од пластиката што завршува во океанот доаѓа од несоодветни системи за отстранување кои го фрлаат ѓубрето во реките и потоците.
Пластиката во форма на рибарски мрежи и друга морска опрема исто така се фрла во океанот со бродови и рибарски чамци. Покрај пластичните кеси и шишиња, во океанот влегуваат и ситни честички познати како микропластика.
Микропластиката, која е помала од пет милиметри, е голема грижа за животната средина бидејќи може да биде проголтана од морскиот свет и да предизвика штета на животните и луѓето.
Се проценува дека денес во океаните има помеѓу 50 и 75.000 милијарди парчиња микропластика.