Во ноември му истекува времениот пасош на Орце Камчев

Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во случајот „Империја”, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

Камчев го побара времениот пасош поради неодложни службени патувања и задолжителна едукација.

Покрај Камчев, во случајот „Империја” осомничени се и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Цветан Панделески, Владислав Стајковиќ и уште седуммина други за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот