Во несреќата на патот Штип-Радовиш учествувале три возила

Тешка сообраќајна несреќа вечерва во 21:30 часот се случи на патот Штип-Радовиш, во која учествувале три возила. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека несреќата се случила кај сообраќајниот знак за селото Љуботен, според првичните информации од терен има повредени и во оваа несреќа, а се повикани и пожарникарите, со цел да ги издават повредени лица.

Повеќе детали околу несреќата најавуваат за утре.

Ова е втора сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш и тоа во рок од само неполни два часа. МИА претходно информираше за несреќата, која се случи по 19 часот во близина на селото Лакавица во којашто, според директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев повредени сe 13 лица, од кои 11 се мигранти и две се жени, македонски државјани. Според она што го видовме на лице место несреќата се случила меѓу две возила марка Мерцедес.

Мигрантите се транспортирале во багажникот во самиот автомобил. Овие две возила излетале од коловозот на десната страна во правец Штип-Радовиш. Според првичните информации од полицијата, возачот на мигрантите побегнал од местото на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот