Во Мјанмар воведена воена состојба

Фото: EPA-EFE/LYNN BO BO

Хунтата во Мјанмар денеска прогласи воена состојба во земјата односно директна воена контрола на безбедносната ситуација, како и поголеми административни, судски и воени овластувања.

Протестите во Мјанмар почнаа откако армијата на 1 февруари воведе вонредна состојба и ја презеде власта во државата и уапси високи владини функционери под обвинување за измама на минатогодишните избори, меѓу кои и легално избраната премиерка Аунг Сан Су Чи.

Безбедносните сили на Мјанмар вчера убија најмалку 38 демонстрани, од кои 34 загинаа  во квартот Хлаингта во Јангон. Другите загинати се во градовите Баго, Мандалеј и Хпакант.

Локалните медиуми објавија дека голем број на демонстранти се повредени од гумени куршуми и од боева муниција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот