Во Мексико убиен првиот небинарен судија

Во Мексико убиен првиот небинарен судија / Фото EPA-EFE/ISAAC ESQUIVEL

Првиот отворено небинарен правосуден работник во Мексико и истакнат ЛГБТИ активист Хесус Осиел Баена е пронајден мртов во својот дом. Властите вчера го пронајдоа телото на судијата во градот Агуаскалиентес, заедно со телото на уште едно лице. Небинарен е термин кој се користи за луѓе кои не чувствуваат дека се вклопуваат во традиционалните категории на машки или женски пол. Луѓето кои се сметаат себеси за небинарни често претпочитаат неутрални заменки како „тие“ наместо „таа“ или „тој“.

Локалните медиуми го идентификуваа другото лице како партнерот на Баена. Министерката за безбедност Роса Ицела Родригез рече дека не е јасно „дали станува збор за убиство или некаков вид несреќа“. Според соопштението на Државното правобранителство, немало индиции за упад во објектот. Во куќата е пронајден остар предмет, а прелиминарните наоди покажуваат дека може да се работи за инцидент од лична природа, пишува Би-Би-Си.

Групата за права на ЛГБТИ заедницата, Летра С ги повика локалните власти да ја истражат смртта темелно и без предрасуди. Алехандро Брито, директорот на групата, изјави дека Баена добивал многу пораки полни со омраза и дека му се заканувале со насилство и смрт.

Баена (38) бил назначен за судија на државниот изборен суд во Агуаскалиентес во октомври 2022 година. Тој бил првото небинарно лице во Латинска Америка што ја извршувал судиската функција. Во јуни му бил издаден родово неутрален пасош.

„Јас сум небинарна личност, не се гледам себеси како жена или маж. Тоа е идентитет, тоа е мој и за мене, за никој друг“, напиша Баена на социјалните мрежи во јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот