Во Ламанш спасени од давење 42 мигранти кои се обиделе да стигнат до Британија

мигранти ламанш
Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Четириесет и двајца мигранти кои се обиделе да го преминат Ламанш и да стигнат до брегот на Англиа се спасени денеска, јавија француските власти.

Мигрантите во очај во преминот Па де Кале контактирале со регионалниот операционален центар за надзор и спасување, соопшти поморската префектура на Ламанш и Северното море.

Спасувачите собрале 42 брдоломци и ги вратиле во пристаништето Булоњ сир Мер, каде ги презеле пожарникарите и граничната полиција. Сите се живи и здрави.

Од крајот на 2018 година зголемен е бројот на илегални преминувања на мигранти кои се обидуваат да стигнат до Велика Британија, и покрај повторените предупредувања од власта за опасноста, густиот сообраќај, силните струи и ниската температура на водата.

Во 2020 година забележани се 9.500 такви преминувања или обиди за преминување, што е четири пати повеќе отколку во 2019 година, според податоците на поморската префектура.

Шест лица ги загубија животите, а тројца се исчезнати, додека во 2019 година починале четири лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот