Во континуитет се работи на сузбивање на криумчарењето мигранти

Мигранти / Фото: EPA/Bienvenido Velasco

Неодамна откриената група на мигранти не е последна, ниту прва, во континуитет работиме на сузбивањето на криумчарењето мигранти и на трговијата со луѓе, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање во Валандово, каде ја посети реновираната полициска станица, нагласи дека на мошне високо ниво е подигнато откривањето на криумчарењето мигранти.

-Фактот дека еден од нашите врвни приоритети беше како да ги зајакнеме капацитетите во борбата против нелегалната миграција и криумчарењето на луѓе беше формирањето на националната агенција за нивно сузбивање,тоа дава резултати- додаде Спасовски.

Тој посочи дека повеќе криминални групи веќе се разбиени и дека секојдневно се работи на откривање или сузбивање на илегалната миграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот