Во комбе на автопатот Куманово-Табановце најдени 12 мигранти од Авганистан и Пакистан – Слободен печат
Хроника

Во комбе на автопатот Куманово-Табановце најдени 12 мигранти од Авганистан и Пакистан

Како што соопшти МВР, на 14 ноември во 21.20 часот на автопатот Куманово – Табановце, на место викано „Обиколница Костурник" било забележано товарното моторно возило „комби", без регистарски ознаки.

Вкупно 12 мигранти од Авганистан и Пакистан биле откриени во четвртокот вечер, во комбе на автопатот Куманово – Табановце и приведени од полицијата.

Како што соопшти МВР, на 14 ноември во 21.20 часот на автопатот Куманово – Табановце, на место викано „Обиколница Костурник” било забележано товарното моторно возило „комби”, без регистарски ознаки.

„По преземени активности од полициски службеници од Полициска станица Сопот, возилото било престигнато, а од слобода биле лишени 12 лица мигранти, и тоа седум од Авганистан и пет од Пакистан“, наведуваат од МВР.

Лицата се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close