Во Кисела Вода често снемува струја, мрежата се модернизира

Струја штекер / Фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Жителите на скопската населба Кисела Вода во последниве недели често се соочуваат со испади на електрична енергија. Како што сведочат тие, електричната енергија ја снемува и доаѓа и по неколку пати за кус временски период.

Тие својот револт веќе го искажуват и на социјалните мрежи.

„EВН да престанете со снемување и „сецкање” на струјата секој втор, трет ден (најчесто преку ноќ ,после 1 или 2 часот, како и ноќеска на 16.10) во зградите и куќите во реонот околу Стара рампа, Кисела вода. Уредите од бела техника на многу луѓе им ги расипавте, лифтовите се во дефект, интернет и кабловската тв мрежа потоа не може со саати да се воспостави…“, е еден од коментарите.

Еден наш сограѓанин вели дека минатата недела неколку пати снемало и дошло струја во неколку минути.

– Не успеав да гио исклулчам телевизорот. Ќе снема струја и одеднаш ќе дојде, ќе посегнам да го исклучам и пак ќе ја снема. Тоа е катастрофа за телевизорот. Добро е што „преживеа“, но забележувам дека праксата на вклучи-исклучи продолжува во нашата населба – вели жител од Кисела Вода.

Во ЕВН-Дистрибуција не одговорија зошто често снемува електрична енергија во Кисела Вода, туку само објкаснија зошто вчера снемало струја.

-Поради реализација на инвестициски зафат, односно модернизирање и реконструкција на дистрибутивната мрежа, на 15.10.2023 година корисниците на Кисела Вода беа префрлени на алтернативни напојни точки, со цел да не останат без снабдување во текот на целиот ден додека траеше изведбата на проектот. Како резултат, истите се соочија со краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергиј- изјавија за „Слободен печат“ од ЕВН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот