Во Кинотеката ќе се одржи „Ден на корејска култура во Скопје“

Програмата на настанот почнува во 15 часот

Амбасадата на Република Кореја на 11 ноември (сабота) организира „Ден на Корејската култура во Скопје“. Настанот ќе почне во 15 часот во Кинотеката на РС Македонија. Помеѓу 15 и 16 часот посетителите ќе имаат можност да вкусат корејски слатки, да облечат традиционална облека (ханбок) и така да се фотографират, или, пак, да освојат специјална корејска награда на томбола.

Од 16 часот почнува ексклузивната проекција на играниот долгометражен филм „Одлука за заминување“ (Heojil kyolshim / Decision to Leave, 2022) на корејскиот режисер Парк Чан-вук (1963), кој ја доби „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал во 2022 и беше јужнокорејски кандидат за „Оскар“ во 2023 година. Тој е еден од најзначајните режисери на современата корејска кинематографија.

Филмот „Одлука за заминување“ е криминална нео-ноар драма во која детективот кој ја истражува смртта на еден човек се вљубува во сопругата на починатиот, иако истовремено ја смета за главната осомничена. Во истрагата за убиство се испреплетуваат страст, лаги и неизвесности.

Филмот за првпат се прикажува во Скопје и влезот ќе биде бесплатен – без резервации, по системот „прв дојден, прв услужен“. Филмот не се препорачува за деца под 15 години, известија од Кинотеката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот