Во кабина на товарно возило цариници откриле скриена девојка од Албанија

Петесетгодишна жена од охридско село преку граница се обидела да криумчари млада девојка од Република Албанија, информиа МВР.

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против А.А.(50) од село Горенци, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено преминување на државната граница“ и против Л.Л.(20) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено преминување на државната граница“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира МВР.

-На 04.06.2020 во 14.45 часот, царински службеници, при контрола на товарно возило „МАН“, управувано од А.А., ја пронашле Л.Л. скриена во кабината на товарното возило- стои во билтенот на МВР.

ОЈО Струга на албанската државјанка Л.Л. ѝ одредила мерка притвор од осум дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот