Во Јемен од денеска стапи во сила примирјето за борбата против коронавирусот

Во Јемен денеска во сила стапи примирјето кое претходно го најави коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Примирјето треба да помогне во борбата против ширењето на коронавирусот во оваа земја, во која досега не е забележен ниту еден случај.

Сè уште не се знае дали проиранските Хути ќе ја прифатат одлуката на коалицијата, но претставникот на ова движење Мохамед Абдулсалам изјави дека неговата организација до Обединетите нации упатила прифатлив предлог што подразбира завршување на војната и „блокадата” што му е нематната на Јемен.

Сите страни се упатени во мировниот предлог и се очекува да се одржи видео-конференциска средба на која ќе се расправа за сеопфатен прекин на огнот, што ќе вклучува и прекин на сите воздушни, копнени и поморски судири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот