Во Италија за 24 часа починаа 681 лице, за прв пат помалку пациенти на интензивна нега

Починати лица од коронавирус / Фото: Архива

Претставници на италијанската цивилно одбрана на прес-конференција во Рим објавија нови информации за болните и починатите во таа земја.

Според последните информации, во последните 24 часа починале 681 лице. Инфицирани се вкупно 124.632 лица.

Вкупната бројка на починати лица е 15.362. Само во последните 24 часа, регистрирани се 4805 нови случаи.

Во моментов има 88.227 лица позитивни, а 20.996 лица кои оздравеле.

Италијанскиот штаб исто така објави дека во критична состојба на интензивна нега се 3994 лица.

За прв пат, помалку луѓе се на интензивна нега

Началникот на штабот Анџело Борели, исто така, потврди дека бројот на лица на интензивна нега е помал во однос на вчерашниот ден.

Од сите пациенти на интензивна нега, најмногу има во Ломбардија, вкупно 1362.

Од вкупниот број активни случаи, 55.270 се во самоизолација.

„Денес за прв пат имаме многу важна информација. Бројот на пациенти кои се подложени на интензивна нега е намален за 74 и ова е важна вест, бидејќи им овозможува на нашите болници да дишат. Ова е прв пад на бројот на лица на интензивната нега, откако воведовме вонредна состојба “, рече тој.

Претседателот на италијанскиот Висок здравствен институт Силвио Брусаферо изјави дека нема докази дека вирусот циркулира во воздухот. Според достапните епидемиолошки податоци, главните начини за пренесување на коронавирусот се преку капки (ситни капки плунка) и директен контакт.

– Постојат нула шанси дека коронавирусот ќе исчезне со летото. Се уште знаеме малку за потеклото и траењето на овој вирус, го познаваме само четири месеци, но знаеме дека вирусите се многу чувствителни и дека не преживуваат екстремни температури, рече вирусологот Илариа Капуа шефица на Здравствениот центар на универзитет во Флорида.

Таа потсети дека епидемијата на САРС во 2002 година се ширеше преку вентилација и греење (клими) во домовите и јавните институции и дека е можно коронавирусот да може или се шири на ист начин.

– Ова е вонредна ситуација, но не е бесконечен тунел. Ќе се извлечеме од тоа, рече таа.

Како што вели, сигурно првиот повик што треба да се направи е – да се отворат прозорците.

– Вирусот не патува низ воздухот и сончевите зраци, а ако влезе во простории, на кревети, чаршафи и облека, можат да бидат валидни агенсите кои помагаат во дезинфекција на бактерии, советува таа.

Од истата причина, ако имате заштитни маски дома, предлагам да ги изложите на сонце, затоа што тие на некој начин се дезинфицираат. Значи, без страв од отворање прозорци, вирусот нема крилја, заклучи Капуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот