Во идеалниот тим на Тер Штеген нема место за Меси

Марк Андре тер Штеген и Лео Меси/ фото: EPA/TONI ALBIR

Голманот на Барселона и на германската репрезентација, Марк-Андре тер Штеген, состави идеален тим од фудбалери со кои настапувал и кои му оставиле најголем впечаток, а меѓу нив не е Лионел Меси!

Тер Штеген кој во досегашната кариера има настапувано за два тима, Борусија Менхенгладбах и Барселона, а брани и за германската репрезентација, се одлучи за формација 4-4-2.

Изненадувачки во тимот нема место за Лионел Меси кој е рекордер со освоени седум Златни топки и со кого Тер Штеген играше дури седум години заедно во Барселона и освоија четири титули во Ла Лига, пет трофеи во Кралскиот куп и по еден пехар во шпанскиот Суперкуп, Лигата на шампионите, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.

Исто така, во тимот на голманот немаше место и уште двајца елитни напаѓачи од Барселона, Луис Суарез и Нејмар.

Марк-Андре тер Штеген од 2014 година го брани голот на Барселона, а за германската репрезентација досега одигра 27 натпревари.

ИДЕАЛЕН ТИМ НА ТЕР ШТЕГЕН
Голман: Јанис Бласвих.
Одбрана: Жорди Алба, Жерар Пике, Антонио Ридигер, Дани Алвеш.
Среден ред: Серхио Бускетс, Чави Ернандез, Андрес Иниеста, Френки де Јонг
Напад: Марко Ројс, Марио Геце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот