Во Хрватска повлечен од продажба опасен чај од нане, листовите потекнувале од Србија

Фото: Профимедиа

Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (RASFF) на својата веб-страница објави дека се повлекува уште еден производ, пренесува N1 Хрватска. Станува збор за чај од нане од Хрватска со суровина, листови нане, купени во Србија. Пиролизидинските алкалоиди се пронајдени во чајот. Како што предупредува RASFF, ризикот по здравјето може да биде сериозен.

Пиролизидинските алкалоиди (ПА) можат да бидат многу токсични за луѓето. Пиролизидинските алкалоиди ги произведуваат растенијата за да се одбранат од штетници и тревопасни животни и се идентификувани во приближно 6.000 ботанички видови. Овие соединенија можат да бидат многу опасни за црниот дроб и белите дробови, а случаите на токсичност на црниот дроб од земање билки со овие соединенија датираат од 1920-тите. Најголеми ризици се за големите консументи на чаеви, но може да се контаминира и добиточната храна. Пиролизидинските алкалоиди можат да навлезат во оваа храна преку диви растенија или полен.

Хрватската агенција за храна (ХАХ) наведува дека ПА во високи дози може да доведе до откажување на црниот дроб, што може да доведе до смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот