Во Холандија бројот на заразени од коронавирус надмина 10.000 лица

Холандската Влада наложи мерки за социјално дистанцирање, ги затвори училиштата и повеќето деловни субјекти и забрани јавни собирања.

Во Холандија бројот на потврдени случаи на коронавирус надмина 10.000 лица, соопштија здравствените власти, додавајќи дека порастот на смртни и хоспитализирани случаи покажува знаци на забавување.

Досега починаа вкупно 771 лице.

Холандскиот Национален институт за здравје (РИВМ) соопшти дека бројот на заразени за 24 часа е зголемен за 1.104, на вкупно 10.866, што е пораст од 11 отсто.

„Како и во претходните денови, бројот на хоспитализирани пациенти и бројот на смртни случаи расте со помала брзина отколку што се очекуваше без спроведените мерки”, соопшти институтот РИВМ.

Сепак, бидејќи се тестираат претежно луѓе кои се многу болни и здравствени работници, вистинскиот број на заразени е веројатно далеку поголем, се додава во соопштението.

Холандската Влада наложи мерки за социјално дистанцирање, ги затвори училиштата и повеќето деловни субјекти и забрани јавни собирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот