Во Ел Салвадор уапсени над сто Колумбијци поради кредитна измама

Ел Салвадор затвор/ Фото EPA-EFE/gobierno de El Salvador

Полицијата во Ел Салвадор уапсила повеќе од стотина Колумбијци за нивна наводна вмешаност во водење на мрежа за измама со заеми која перела пари од шверц на дрога и банди, соопштија безбедносните власти.

Според официјални лица, криминалната група наводно давала заеми на поединци и мали бизниси со камата од 20 проценти користејќи незаконски стекнати средства.

Владата на претседателот Најиб Букеле од минатата година зазеде строг став кон бандите, затворајќи околу 70.000 осомничени, што исто така доведе до голем пад на насилниот криминал.

Борбата против бандите, која беше осудена од многу групи за човекови права, сепак му донесе на Букеле високо ниво на поддршка пред неговата кандидатура за реизбор на почетокот на следната година.

– Колумбијците се наши браќа. Сепак, овие луѓе ќе мора да се соочат со салвадорската правда, напиша Букеле на Твитер.

Јавниот обвинител Родолфо Делгадо на прес-конференција изјави дека членовите на организацијата им се заканувале на жртвите, кога не можат да ги вратат парите, да им ги дадат податоците за нивните банкарски сметки кои потоа ги користеле за да ги префрлат парите во странство.

Се проценува дека околу 20 милиони долари поврзани со бандите за шверц на дрога се испратени преку мрежата во Колумбија од 2021 година, додаде Делгадо.

Колумбиското Министерство за надворешни работи соопшти дека е во преговори со неговата амбасада и конзулат во Ел Салвадор за апсењата, но не даде дополнителни коментари за обвиненијата со кои се соочуваат колумбиските државјани.

Во акцијата се уапсени и тројца државјани на Ел Салвадор, еден на Гватемала и еден на Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот