Во Доха продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа

Бегство од Рафах / Фото EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Преговорите за ослободување на заложниците и прекин на огнот во војната во Газа продолжија денеска во Доха меѓу египетски, катарски и американски посредници и претставници на Израел и Хамас, јавија египетските медиуми.

Израелската делегација, предводена од шефот на Мосад, Дејвид Барни, престојуваше во Париз во текот на викендот за да разговара за можноста за договор за обезбедување привремен прекин на огнот и ослободување на заложниците кои Хамас ги држеше во Газа од 7 октомври во замена за палестинските затвореници во Израелски затвори.

Воениот кабинет на Израел се согласи во саботата да испрати делегација во Катар за да ги продолжи тие разговори, објавија израелските медиуми.

Египетскиот Ал Кахра њуз, поврзан со египетските разузнавачки служби, денеска објави дека разговорите во Доха се продолжение на разговорите во Париз и дека потоа ќе се разговара во Каиро.

Израелски медиуми: Има напредок за прекин на огнот во Газа

На крајот на ноември, за време на седумдневното примирје, со посредство на Катар, Египет и САД, беа ослободени околу 100 заложници држени во Газа, како и 240 Палестинци од израелските затвори.

Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година. Израел вети дека ќе го уништи Хамас како одмазда и започна офанзива во која загинаа речиси 29.700 Палестинци, од кои повеќето цивили, според податоците на палестинското Министерство за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот