Во црква во Сплит нападната новинарка додека снимала миса, полицијата приведе двајца

„Далматински портал“ јавува дека снимајќи го собирањето верници во црквата во Сиробуја физички била нападната нивната новинарка, а при тоа свештеникот им се дерел на насобраните новинари со зборовите „Ѓавол да ве носи“.

Иако со одлука на Хрватската Служба за цивилна заштита сите собирања во Хрватска се забранети, во сплитската населба Соробуја денеска се покрај забраната се одржа миса.

Се работи за жупата која ја води дон Јосип Делаш, кој веќе доби прекршочна пријава поради вербален напад на полицајци. Се работи за свештеникот кој минатата недела при полициска интервенција повика на божја казна за полицајците, а коронавирусот во разговор со новинарите го прогласи за „американски производ“ при што најави и дека за Велигден ќе одржи миса независно од забраната.

„Далматински портал“ јавува дека снимајќи го собирањето верници во црквата во Сиробуја физички била нападната нивната новинарка, а при тоа свештеникот им се дерел на насобраните новинари со зборовите „Ѓавол да ве носи“.

Новинарката грубо е оттурнато и на земја и е фрлен мобилниот додека во живо го пренесувала недозволеното собирање, по што со црковните врати ѝ е приклештена раката. Еден од присутните потоа мобилниот насилно и го оттгнал од раце. Мобилниот е скршен, а со него во неповрат отиде и снимениот материјал, наведува Далматински портал, додавајќи дека во црквата биле 20-тина лица.

Полицијата приведе двајца, не биле пред црквата пред нападот иако мисата била најавена

Пред црквата во сплитска Сиробуја стигна и полицијата која, како што јави Слободна Далмација, го чекала крајот на мисата за да испита што се случило. Истиот медиум додава дека собрантие верници и се обратиле и на нивната новинарка, предупредувајќи ја дека „е подобро да си замине“.

Од сплитската полиција соопштија дека две лица се приведени во полициска станица поради инцидентот со црквата на Сиробуја, а повеќе информации ќе соопштат кога ќе биде завршено криминалистичкото истражување. Исто така, потврдено е дека, и покрај фактот што дон Јосип Делаш со денови најавувал миса за Велигден, полицијата не била пред црквата пред почетокот туку дошла по дојавата за нападот на новинарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот