Во Британија вакцинирани повеќе од 6,3 милиони луѓе

Англија укинува тестирање за вакцинирани / Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Во Велика Британија, 6,35 милиони луѓе се вакцинирани со првата доза, а 469.660 ја примиле втората доза од вакцината против ковид-19.

Владата на Велика Британија планира до 15 февруари да овозможи вакцинација на сите кои се наоѓаат во четирите категории здравствено најчувствителни граѓани, пренесува Би-Би-Си.

Во последните 24 часа, потврдени се уште 30.004 позитивни на коронавирус, најмалку од 19 декември, и 610 смртни случаи.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 3.647.463 случаи на заразени со Ковид-19 и 97.939 починати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот