Во борбите во Нагорно Карабах  загинаа 192 војници на Азербејџан

Фото: EPA-EFE/LUSI SARGSYAN / PHOTOLURE PICTURE MADE AVAILABLE TODAY

Азербејџан загуби 192 војници за време на минатонеделната воена операција за враќање на контролата врз отцепениот регион Нагорно Карабах, соопшти денеска азербејџанското Министерство за здравство.

За време на азербејџанските воени операции беа убиени 200 етнички Ерменци, но како дел од постигнатиот договор, ерменските борци се согласија да го предадат оружјето.

Нагорно-Карабах / 28 септември 2020 / Фото: ЕPA-EFE / HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Нагорно Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, е управуван од етнички Ерменци веќе три децении со поддршка и сојуз на Русија, наведува Ројтерс.

По операцијата на азербејџанската армија, речиси 30.000 етнички Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах, што е четвртина од ерменското население во кое живее во овој регион.

Мапа на Нагорно Карабах / Фото: Iryna Volina / Alamy / Alamy / Profimedia

На единствениот пат кој води кон Ерменија, дестинацијата на сите оние кои заминуваат од Нагорно Карабах, камерите снимиле стотици автомобили, јавува Би-Би-Си.

Официјален Баку вели дека жителите на регионот ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер изчезе со обвинување дека „етничкото чистење“ врз ерменците е започнато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот