ВО БОЛНИЦА ВО ЧИКАГО: Исклучиле погрешен пациент од апарати за одржување во живот (ВИДЕО)

Болницата Мерси во американскиот град  Чикаго, Илиноис, исклучи пациент од апарати за одржување во живот, но на барање на погрешно семејство.

Човекот што бил исклучен од апаратите и починал  во април бил донесен во болницата откако го пронашле паднат во несвест, гол и со повреди на лицето и лежел под автомобил. Полицајците од Чикаго ги нашле полициските фотографии на Алфонс Бенет во мај и контактирале со неговите роднини. Бенет починал еден ден откако неговите роднини се согласиле да го исклучат апаратот што го одржувал во живот.

Но, вистинскиот Бенет подоцна се појавил на скара, додека семејството го организирало неговиот погреб.

Полицијата потоа според отисоците на прстите го идентификувала исклучениот маж од апаратите како  69-годишниот Елиш Бритман. Неговото семејство било веднаш контактирано.

Двете семејства сега ја тужат болницата Мерси од Чикаго поради небрежност и нанесување  емоционална болка.

Кога човекот што го исклучиле од апаратите првично пристигнал во болницата, неговиот идентитет не бил познат и бил третиран како непознат човек. Мислејќи дека станува збор за  Алфонсо Бенет, болницата контактирала со неговите сестри кои потоа ја посетиле болницата.

Сестрата на Бенет, Рози Брукс, вели дека нејзиното семејство веднаш се сомневало.

„Ги замолив да потврдат дека тоа е мојот брат, зошто не можев да го препознаам”, изјави таа за новинарите во средата.

Подоцна се покажа дека човекот пронајден под автомобилот e Елиш Бритман. Неговото семејство рече дека некое време не знаеле каде е. Полицијата го испитува случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот