Во Белорусија го судат активистoт кој доби Нобелова награда за мир

Белоруско знаме
Белоруско знаме / Фото: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Белорускиот суд денеска го започна судењето на затворениот активист за човекови права Алеш Бељачки, кој оваа година ја подели Нобеловата награда за мир со групите за човекови права во Русија и Украина.

Бељачки и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна”, кој тој го основаше, се соочуваат со затворска казна до 12 години доколку бидат осудени за финансирање антивладини протести.

Тие беа уапсени за време на протестите во 2020 година против реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ја потиснуваше опозицијата и се пресметуваше со независните медиуми.

Обвиненијата на судењето се поврзани со тоа што Центарот за човекови права „Весна” им давал пари на политичките затвореници и помагал во плаќањето на нивните судски трошоци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот