Во Автокоманда изградено ново детско игралиште

Фото: Општина Гази Баба

Заврши изградбата на ново детско катче лоцирано веднаш до плоштадот во Автокоманда. Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека е изградено на тартан подлога на која се поставени современи детски реквизити.

Со изградбата на ова детско катче жителите на Автокоманда добија уште еден урбан простор за рекреација со своите најмили. Креираме можности за среќно детство на најмладите жители на нашата Гази Баба. Како локална самоуправа продолжуваме со изградба на нови детски забавни катчиња и во останатите населени места – вели Стефковски.

Општина Гази Баба во изминатиот период изврши реконструкција и рехабилитација на голем број детски катчиња на целата територија на општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот